Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЧЕРВА БАЛКАНСКИ КАРАВАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРСКАТА КУЛТУРА
Untitled Document

Во име на зачувување на добри пријателските односи и соживот на Балканот кои се проткаени со силни историски врски преку традиционални културно-уметнички активности, а со цел да се овозможи промоција на турската култура од страна на општина Кучукчекмеџе во соработка со институтот  Јунус Емре и општина Охрид, вечерва, на градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“ од 17 до 19 часот, се орагнизира проект насловен како „ Балкански караван“.
Во склоп на проектот „ Балкански караван“,  ќе се прикажат народни ора од различни предели на земјата, куклена претстава Хаџиват и Караѓоз, дервишки танц, исто така прикажување на техники на уметностите Ебру, Бакар и Калиграфија.

Со цел подобро да се почуствува турската кулурна традиција посетителите ќе бидат послужени со турско кафе, османлиски маџун и шеќерен памук.

Прочитано:  341  пати
Објавено на: 30.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©