Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАЊЕ СО ВОЗДУШНА ПУШКА
Untitled Document

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија и со поддршка  на Општина Охрид, денеска на стрелиштето „ Бејбунар„ се одржа државно првенство во стрелање со сериска воздушна пушка.

На државното првенство, на кое учествуваат седумдесетина ученици од основните и средните училишта, на  најдобрите двајца натпреварувачи во категориите основци и средношколци ќе им бидат доделени награди, односно бесплатно учество на летниот камп што се одржува во Охрид и можност да добијат стипендии за врвни спортисти.

Во името на Општина Охрид, учесниците на првенството ги посети заменик- градоначалникот Ангел Јанев, кој истакна дека Локалната самоуправа и натаму, во рамките на своите можности, ќе го подржува спортот , особено училишниот спорт, како важен дел од воспитно- образовниот процес.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1258  пати
Објавено на: 29.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©