Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОЦЕСОТ НА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ДОБИВА НА ДИНАМИКА
Untitled Document

Заради побрзо и поефикасно завршување на процесот на леглизација, тимови од лица вработени во Локалната самоуправа започнаа со посета во домовите на граѓаните кои не поседуваат  комплетна документација.
Во периодот што измина, тимовите на Локалната самоуправа посетиле 750 домови на баратели за легализација на дивоградбите, на кои им биле укажани законските права и обврските кои произлегуваат од процесот на легализација, односно, на сите правни и физички лица им се дава рок од 18 месеци по влегувањето во сила на измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти да достават комплетна документација. Доколку по 18 месеци не достават не ја достават комплетната документација го губат правото на легализација.

Имено, измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти стапија во сила на 19 декември 2012 година.
На граѓаните – баратели на легализација покрај сугестиите за забрзување на процесот за легализација им се доставуваат и прашалници , а преку повратните информации општина Охрид  ќе го зголеми квалитетот во работата, ефикасноста и соработката со граѓанскиот сектор.
Во процесот на легализација на дивоизградените објекти по едно евро за метар квадратен, беа доставени 11093  барања за легализација.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 19.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©