Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ СОБИР НА ГРАЃАНИ ОД УРБАНАТА ЗАЕДНИЦА „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

Вечерва, (26.03.2018) година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -8  „Билјанини извори“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид, сала 1.

Урбаната Заедница -8 “Билјанини Извори” го зазема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток со ул. “Стрелиште”, од Запад ул. “Јане Сандански”, од Север “1 Градски Ринг” (ул. “Карпош Војвода”) и од Југ булевар “Туристичка”.
УЛИЦИ: ул. “Јане Сандански” – десна страна од бр. 36 (семафори кај “Мини Маркет”) до бр. 96 пресек со ул. Карпош Војвода, ул. “Карпош Војвода” – десна страна од бр.2 до крај , булевар “Туристичка” – десна страна од почетокот до семафори кај “Мини Маркет”, ул. “8 Септември”, ул. “Лазо Трпоски”, ул. “Мирче Ацев”, ул. “Ванчо Питошески”, ул. “Галичица”, ул. “Никола Карев”, ул. “АСНОМ” – до пресек со ул. булевар “Туристичка”

Прочитано:  1377  пати
Објавено на: 26.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©