Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧЕНИЦИТЕ ОД “ЖИВКО ЧИНГО“ И “ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ УЧЕА КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД ПОЖАР
Untitled Document

  Денови   пред учениците од прво до петто одделение  во  основните училишта  “Живко Чинго“  во Велгошти и  “Ванчо Николески“ во с. Лескоец, беше  презентирана  Единицата за противпожарна заштита од Охрид.

Охридските пожарникари ја  презентираа својата работа, своето искуство а  ги запознаваа децата и  со начините на реагирање доколку се случи пожар во нивна близина.  На средбата беше разговарано   за опасностите од предизвикување пожар, како и за тоа што треба, а што не треба да се прави во случај на негово избивање. Децата беа  информирани за  телефонскиот број кој треба да го повикаат во случај на пожар и беа опоменати да не го злоупотребуваат истиот.

Учениците,  ги погледнаа сите алати и целата опрема што ја има во пожарникарското  возило , а исто така поставуваа и прашања на кои пожарникарите им даваа одговори.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 29.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©