Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП „НИСКОГРАДБА“ СО БРОЈНИ АКТИВНОСТИ НА ТЕРЕН
Untitled Document

Екипи на ЈП „Нискоградба“ , денеска со бројни активности на терен. На улиците „Никола Петров Русински“ , „Васил Главинов“ и „Питу Гули“, се вршеше санација на раскопаните површини кои беа раскопани поради дефекти на водоводната линија. Во населба „Лескајца“ се оградуваше, обележуваше и бетонираше новото повеќенаменско игралиште со што го доби својот конечен изглед. Кај ресторанот „Котва“ се работеше на обележување на паркинг просторот. На улицата „Железничка“ се вршеше приклучување на фекалната канализација, а на улиците „Аџи Мустафа“ , „Коста Абраш“ , „АСНОМ“  и „Абаз Емин“ се изврши машинско чистење на фекалната канализација. Рачно чистење на атмосферската канализација се спроведе на улиците „Коста Абраш“, „АСНОМ“ и населбата „Рача“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1322  пати
Објавено на: 08.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©