Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВА „OHRID CRAFT EXPO“
Untitled Document

За прв пат на плоштадот „Крушевска Република“, утре ќе се одржи Манифестацијата „Ohrid craft expo“, каде искусните занаетчии ќе понудат дел од своите уникатни ракотворби, а се очекува ваквите манифетации да поттикнат и континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата.

Имајќи во предвид  дека активната и непосредна презентација на целокупната понуда на градот во сегментот на алтернативните форми на туризам неминовно ја налага потребата од организација на низа манифестации и поддршка на активности и настани поврзани со промоцијата на туристичките производи се очекува  Манифестацијата „Ohrid craft expo“ да придонесе кон збогатување на туристичката понуда на градот.

Манифестацијата „Ohrid craft expo“ ќе се одржува три дена од 19 до 21 август, на плоштадот „Крушевска Република“, со почеток во 17 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1354  пати
Објавено на: 18.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©