Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА СТАР ГРАД ОД САРАЕВО
Untitled Document

Делегација на општина Охрид во која беа  заменик градоначалникот   Ангел Јанев и советниците Јадранка Василеска Здравеска  и Љупчо Настоски, беше во посета на збратимената општина Стар Град  во Сараево во Босна и Херцеговина. 

На средбата со градоначалникот на општина Стар  Град, Ибрахим Хаџибајриќ , делегацијата ги пренесе поздравите од градоначалникот Никола Бакрачески и разговараше  за формите за продлабочување на соработката  меѓу двете збратимени  општини.На средбата домаќинот Хаџибајриќ презентираше повеќе проекти , особено од делот  на заштита на културното наследство, област во која може да има размена на искуства и заедничко аплицирање пред европските фондови.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1251  пати
Објавено на: 06.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©