Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ СУСТКУЛТ“
Untitled Document

Во хотелот „ Белведере“ , утре (13 февруари)  со почеток во 10 часот ќе се одржи презентација на остварените резултати на општина Охрид во  проектот  „СУСТКУЛТ - Достигнување одржливост преку интегрирано управување со местата на културно наследство “, кој е во завршна фаза на имплементација, а е финансиран од програма за Југоисточна Европа на Европска Унија . Проектот го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, заедно со уште 12 институции од Романија, Унгарија, Албанија, Грција и Словенија, а носител е градот Венеција од  Италија .

Презентацијата ќе се однесува на главните активности и  реазултати од  проектот, како што се   креираната  и објавена  ВЕБ- ГИС платформа , методологијата  за планови за управување со културно наследство, тренинг обуки за подигнување на човечки капацитети во делот на планови за управување со културно наследство како и изработка на план за управување на општина Охрид во делот на светското културно и природно наследство и изработка на Бизнис план и маркетинг стратегија за управување со локалитетот „ Заливот на коските“ .
На презентацијата  ќе бидат присутни  и 20 претставници од сите земји партнери на проектот , со кои воедно ќе биде одржан дводневен состанок за финализирање на активностите што ќе се одржи на 13 и 14 Фебруари 2014 г.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 12.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©