На барање на амбасадорката на Р. Македонија во Белград, Вера Јовановска- Типко, денес градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Р. Србија, Мајкл Кирби кој во придружба на својата сопруга е во дводневен престој во Охрид , Р. Македонија.

На средбата , градоначалникот Бакрачески го информира амбасадорот Кирби за Охрид како привлечна туристичка дестинација при што почесниот гостин посебен интерес покажа за типот на гости кои го посетуваат нашиов град а се разговараше и за можностите за авионско поврзување на Охрид со други туристички дестинации.

На средбата се зборуваше и за образовниот процес во Р. Македонија како и за можностите бројот на невработени лица во Охрид да се намали со вработување преку странски инвестиции.

Амбасадорот на САД во Р. Србија Мајкл Кирби и сопругата за прв се во Охрид и Р. Македонија. Тие се фасцинирани од убавините на Охрид и неговите културно -историски знаменитости.

Извор: www.ohrid.gov.mk |