Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
Untitled Document

На ден 23.12.2015 г. во Големата Сала на Општина Охрид се одржа Јавна расправа за Законот за угостителска дејност поради потребата од допрецизирање и евентуални измени и дополнувања на одредени членови од овој закон, а во интерес на решавање на тековните спорни ситуации кои произлегуваат од толкувањето и имплементацијата на истиот. Расправата беше организирана од Секторот за Туризам и Локален економски развој на Општина Охрид, а на неа присуствуваа претставници од Министерството за Економија, Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ, УЈП, Пазарниот Инспекторат, ХОТАМ, Општинскиот Инспекторат, како и претставници на угостителскиот сектор од Охрид, хотелиери и приватни станоиздавачи од мал обем.
После јавната расправа беа изведени неколку заклучоци кои како предлог форми ќе бидат испратени до надлежните институции на нивно разгледување и доработка, со цел вметнување во постоечкиот закон за угостителска дејност. При тоа, како најважни би можеле да се издвојат:

    Измени на член 48 во однос на условите за соработка и договор со туристичка агенција,

    Допрецизирање на член 46 во однос на неговото правно толкување,

    Предлог за овозможување на вршење на дејност издавање на сместувачки капацитети од мал обем во колективни стамбени објекти со дозвола и согласност на заедницата / советот на станари,

    Предлог за измени на плаќањето на туристичката такса по основ на годишен паушал,

    Униформираност на сите лица кои се чинители во туристичката и угостителска дејност и др.

    Утврдување на тарифници за туристички у слуги и др.

На расправата беше и одлучено да се одржуваат и понатамошни средби на чинителите во туризмот со цел, избегнување на сивата економија и избегнувањето на нерегуларноститие кои се јавуваат во оваа дејност, а со цел законско почитување на обврските на давателите на услуги во туризмот и елиминирање на нелојалната конкуренција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1342  пати
Објавено на: 24.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©