Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНАТА ЕСЕНЛЕР ОД ИСТАНБУЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Делегација на општината Есенлер од Истанбул, Република Турција, денеска имаше работна средба со претставници на Општина Охрид, на која стана збор за вклучување на Охрид во заедничкото одбележување на 22 март, Светскиот ден на водите. Гостите најавија дека ќе испратат официјална покана за Фестивалот на градовите на вода, настан кој ќе биде поврзан со приказни и  факти за значењето на водата низ различни културни, уметнички и научни активности од разни подрачја.

Воедно, како што беше речено, фестивалот ќе биде добра можност за презентација и  на туристичката понуда на градовите кои ќе учествуваат на овој голем меѓународен настан.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1374  пати
Објавено на: 28.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©