Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ГИ ОТВОРА ВРААТИТЕ ЗА КОМПЕТЕНТНИ И ВИСОКО МОТИВИРАНИ КАДРИ
Untitled Document

Локалната самоуправа  ги  отвора вратите  и дава можност за  ангажирање  на што повеќе компетентни лица кои имаат соодветно образование, едукација и искуство а кои што се посветени  на она што значи програмски определби или суштински потреби на граѓаните на Охрид.  Во таа насока е и  Огласот   за пројавување интерес за ангажирање лица на раководни позиции, што општина Охрид  го објави денес. Огласот за пројавување интерес  е насочен кон  компетентни и високо мотивирани кадри  кои како такви можат да бидат ангажирани  во Локалната самоуправа.
Денеска градоначалникот Никола Бакрачески објасни зошто е објавен овој оглас и посочи дека негативно ќе се оценуваат сите можни  ургенции или  “врски“ доколку  за нив се одлучат кандидатите.

-Со овај оглас ние како Локална самоуправа сакаме да направиме едно скенирање на сите потенцијали во кадри кои што оваа општина и околината ги поседуваат . Огласот се однесува на   кадри кои пред се  веруваат во своите капацитети, кадри кои се високо стручни , кои што се способни, компетентни да работат одредена област , кои ќе покажат посветеност и одговорност во работата и кои се подготвени  за една тимска работа а пред се насочени во спроведувањето на основните програми односно политики на локалната самоуправа.  Но пред се  тие треба да бидат адекватен сервис на граѓаните на Охрид. Значи право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Охрид и Република Македонија. Оценувањето ќе го прави комисија. Сите кандидати ќе бидат повикани на интервју а дел од нив и на одредено тестирање, во кое што меѓу другото ќе бидат проверени сите податоци кои тие ги доставуваат по однос на огласот. Сакам да кажам дека правото  за учество е подеднакво за сите без разлика на полова, етничка, религиозна, партиска или било која друга припадност. Буквално сите граѓани на Охрид ќе имаат можност да се пријават на овај оглас и да ги приложат сите оние квалитети за кои што тие сметаат дека се најкомпетентни да одговорат на позицијата која што ние ја бараме. Ова претставува и еден поттик за сите особено за младите луѓе кои што сметаат дека недоволно ги реализирале своите способности во интерес на градење силна заедница каква што е општина Охрид. Ги повикувам, односно упатувам апел до сите граѓани на Охрид, до сите граѓани од околните места кои се сметаат за компетентни по однос на критериумите  кои се содржани во огласот да се пријават за истиот и да ги приложат сите потребни документи, рече градоначалникот Бакрачески додавајќи дека општината не е обврзана да ги вработи истите лица. 

-Уште еднаш истакнувам  дека Локалната самоуправа нема законска обврска да ги ангажира, односно да ги вработи истите лица бидејќи станува збор за Оглас за пројавување интерес. Секако, доколку во текот на овој оглас Локалната самоуправа наиде на кадри кои како кандидати навистина се најкомпетентни и за кои што сметаме дека навистина имаат квалитети да заземат одредена позиција ,сигурно дека понатака ќе следи објавување на конкурс по кој истите тие лица ќе бидат ангажирани, потенцира Градоначалникот и апелира до сите кандидати да не земаат во предвид никакви ургенции односно “врски“ за ангажирање затоа што истите негативно ќе бидат оценувани

-Она што посебно сакам да го истакнам во делот на Огласот за пројавување на интерес е дека кандидатите е најдобро да не лобираат и да не упатуваат ургенции за нивно ангажирање бидејќи тоа ќе го сметаме како нивна слабост и недоволна доверба во самите себе и понатака во понатамошниот тек на оценување  истите ќе бидат земени како негативни оценки, потенцира Градоначалникот.             
Краен рок за пријавување на Огласот  за пројавување интерес за ангажирање лица на Раководни позиции во Општина Охрид е 1-ви октомври годинава.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 05.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©