Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБА СО ОХРИДСКИТЕ СТАНОИЗДАВАЧИ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска оствари работна средба    со охридските станоиздавачи, а по повод   Измените во законот за  угостителска дејност  кои се однесуваат  на уредување на условите и начините за вршење угостителски услуги за сместување.

Измените ги бараа станоиздавачите  кои  беа поддржани од  градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби  во локалната самоуправа кои посветено се вложија и заедно со пратениците во Собранието на Р. Македонија од Охрид допринесоа да се изгласаат овие измени.    

Ние имавме слух за потребите на граѓаните на Охрид и на станоиздавачите кои што беа силно погодени со овој челн од законот и низ неколкуте коориднативни состаноци со нив, свативме дека една поголема група на туристички работници се лишени за вршење на оваа дејонст, врз основа на овој член од законот. Во периодот од скоро цела година наназад  општина Охрид сериозно се зафати со активности кои ќе создадат предуслови за измени на овој член од законот , а се со цел да излеземе во пресрет на барањата и потребите на приватните станоиздавачи кои беа погодени со оваа законска регулатива, изјави непосредно по средбата градоначалникот Бакрачески.
Професорот на  Факултетот за туризам и угостителство, Цветко Андреески ги поздрави измените во законот.

 -Со измените на законот за угостителска дејност, издавачите на станови се изедначија со своите права и обврски. Претходно имавме разлика во нивните права. Издавачите кои имаа станови во колективните згради немаа можност да го добијат решението за издавачка дејност, а со новите измени се надмина тој проблем и со задоволство можеме да кажиме дека сега сите станоиздавачи можат да се регистрираат и да обавуваат таква дејност легално, истакна Андреески.

Измените  во законот, со  задоволство беа  прифатени од  станоиздавачите. Според нивниот претставник Коста Карадимче, конечно и во Охрид се запзаени светските норми во туризмот.

-Во Охрид со измените на овој закон се отвори една нова фабрика со 2 000 работни места. Оваа измена на законот, е позитивна. Сите  станоиздавачи ќе работат нормално и ќе може   да си ги исполнуваат своите права. Голема благодарност до сите кои што учествуваа во оваа обемна акција пред се на градоначалникот Никола Бакрачески и на  локалната самоуправа,   рече Карадимче.  

Под условите утврдени со овој закон и други прописи, на еден објект  под заеднички покрив може да се издадат одобренија за вршење на угостителска дејност на повеќе физички лица, при што едно физичко лице може да изнајмува станови за одмор и соби  во колективни стамбени згради , чиј сопственик е носител на правото на користење,  при што  лицето може да добие повеќе од едно одобрение за вршење на угостителска дејонст но притоа вкупниот број на станови  за одмор и соби во кои врши угостителска дејност   по основ на сите издадени решенија на едно исто лице  да не надминува 10 соби или 20 легла.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1371  пати
Објавено на: 05.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©