Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ САНИРААТ ОШТЕТУВАЊАТА ОД РЕКАТА ДАЉАН
Untitled Document

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а веднаш по  алармирањето  за настанати  оштетувања, општина Охрид започнува со  санирање на  штетите што ги направи реката Даљан, на потегот од патот кој води до истоимениот хотел и  Извидничкиот  центар. Оштетувањата настанаа од поплавите поради проширувањео на коритото на реката.

 Денеска на финален увид   на просторот каде има оштетувања беа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и  претставници на стручните служби кои периодов ќе работат на санација на проблемот.
Секретарот Спасески ,информира дека  веднаш по дојавата за настанатиот проблем, а на барање на  градоначалникот Бакрачески  се одржале координативни состаноци при што била  задолжена работна група  да ги согледа сите аспекти во однос на ова оштетување со цел да се донесе соодветно решени за негово надминување.

-Денес  е финалниот увид на работната екипа . Подготвен е  акционен план со конкретни активности, со задолжение за секое лице и институција со цел да се пристапи кон решавање на овој проблем. Градежната механизација на јавните претпријатија е тука. Во текот на денешниот ден се очекува да пристигне потребниот камен со којшто ќе се работи во првата фаза  со цел да се заштити ова тло од понатамошно ерозирање . До утре треба да биде подготвена потребната техничка спецификација  за д се пристапи кон објава на тендер со  кој што во втора фаза овој проблем би бил  трајно решен- изјави секретарот Спасески.  

Надлежните од општината уверуваат дека во најскоро време овој потег од Охрид ќе биде потполно безбеден за минување.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1347  пати
Објавено на: 18.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©