Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗГРАДЕНА НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО НАСЕЛБАТА РАЧА
Untitled Document

Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески,  изврши увид на ново изградената пешачка патека. Патеката со бехатон плочки во должина од 170 метри е изградена од страна на ЈП “Градски гробишта“.

Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата. Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето.

Прочитано:  322  пати
Објавено на: 04.01.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©