
Продолжуваат градежните активности на плоштадот во непосредна близина на ОМУ „Методи Патчев“. Во моментов екипи на ЈП „Градски гробишта“ работат на обложување на фонтаните со мермерни и плочки од друг материјал. Наредниве денови просторот ќе биде партерно уреден и на целата површина ќе се постават гранитни плочки.

На овие активности претходеше поставување на комплетно новата комунална инфраструктура и фундаментите за јавно осветлување.

Извор: www.ohrid.gov.mk |