Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТРУЧНА РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
Untitled Document

Во  општина Охрид, денеска се одржа стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за дел од УЗ 2 - УБ 2.2, 2.4; УЗ 5 - УБ 5.2 и УБ 5.4; УЗ 9 - УБ 9.1 и УБ 9.3; УЗ 12 – УБ 12.2; УЗ 13 – УБ 13.2; УЗ 17 – УБ 17.1 за периодот 2014-2024.
Измените во ГУП-от,  опфаќаат површина од 215,41 хектари од кои  и околу 70 хектари  во Студенчишко блато. Со измените на ГУП- от се опфатени поедини блокови, со наменаа на површини по групи за намена за  да се овозможи поголема флексибилност  во донесувањето на Деталните урбанистички планови.

-Во однос на Студенчишкото блато, односно блок 17 од измената и дополнувањето на ГУП во 2006 година, со цел да се заштити оној дел што се смета дека е останато од некогашното блато, кое сигурно имало поголема површина,  оставен е  простор од 70 хектари, од кои  околу  13 хектари се сопственост на Република Македонија, а другото земјиште е во приватна сопственост. Уништување  на блатото е почнато многу  одамна , а  интензивирано е седумдесетите и осумдесетите години со претворање на тој простор во градска депонија. Таму се депонирани огромни количини   градежен шут и  комунален отпад.
При утврдувањето  на локација за расадник во деведесетите години од минатиот век,  беа понвикани сите експерти од Министерство за земјоделство, професори  и доктори на науки при што беше констатирано дека  во најголемиот дел блатото е уништено, дека во каналите нема вода , а камоли да се зборува за флора и фауна. Од друга страна  сопствениците на приватните имоти  на овој простор  имаат овоштарници, одгледуваат земјоделски култури, кои ги ѓубрат со хемиски  ѓубрива кои се штетни за флората и фауната во тој простор.
Иако најголемиот  дел од тој простор е уништен, локалната самоуправа блокира 70 хектари просторот и изработи студија за  да се утврдат границите на блатото на околу десетина хектари и таа студија беше одобрена од страна на Советот на општина Охрид  и беше доставена до Министерството за животна средина во понатамошна постапка за утврдување на еден дел од блатото како споменик на природата. Министерството за животна средина истата ја проследи во процедура до Владата на Република Македонија и таа со заклучок ни ја врати студијата за  да се ревидира и да се одреди онај дел што навистина е  постоечко блато и тоа да се  ревитализира.

Согласно  со  Законот за просторно планирање и подзаконските акти, покрај заштитените, дефинирани се мешовити  намени при изработка на ГУП и ДУП, што  значи има различни намени, има домување, комерцијални содржини, хотелски капацитети, зеленило и друго. Просторот е доста специфичен  и   дел  ќе биде предвиден да се ревитализира , па  токму зарад тоа  се предвидуваат  мешовити групи и класи  на намена- објасни во расправата  Бранко Арнаудоски ,помошник на раководител на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.
Просторот на планскиот опфат на Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид и е дефиниран во следните граници:
УЗ 2 - УБ 2.2, П=9.49 ха – Бул. „Македонски просветители“, ул.„ Партизанска“, ул. „ Димитар Влахов“ и ул. „ Јане Сандански“;
УЗ 2 – УБ 2.4, П=10.19 ха – Бул. „ АСНОМ“, „Кеј Маршал Тито“, ул.„ Партизанска“ и ул.„Јане Сандански“ ,
УЗ 5 – УБ 5.2, П=10.21 ха – Бул. „Туристичка“, „Прв градски ринг“, ул. „Бистрица“ и ул. „И. Дудановски“ ,
УЗ 5 – УБ 5.4, П=34.13 ха - ул. „Железничка“, ул. „Пирин Планина“, „Прв градски ринг“ и ул. „Бистрица“ ,
УЗ – УБ 9.1, П=28.36 ха – ул. „Железничка“, ул. „Пирин Планина“, „Прв градски ринг“ и ул. „Абас Емин“  ,
УЗ 9 – УБ 9.3, П=16.02 ха – ул. „Железничка“, ул. „7ми Ноември“, ул. „Егејска“ и ул. „Кленоец“  ,
УЗ 12 – УБ 12.2, П=17.75 ха – ул. „Марко Цепенков“, ул. „Момчило Јорданоски“, ул. „Сирма Војвода“ и ул. „Болничка“  ,
УЗ 13 – УБ 13.2, П=18.73 ха – ул. „Железничка“, ул. „Кленоец“, ул. „ Будва“ и ул. „Прилепска“  и
УЗ 17 – УБ 17.1, П=70.53 ха – пешачки коридор на Канал Студенчишта, Бул. „Св. Наум Охридски“, Канал на р. Рача и брегот на Охридското Езеро.
Заинтересираните лица и субјекти можат да достават забелешки по предлог планот во рок од десет дена од одржување на стручната расправа, односно заклучно со 26-ти март 2015 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1335  пати
Објавено на: 16.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©