Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за управување со градски гробишта во Охрид ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид
Untitled Document

Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид бр. 08-6947/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на Јавното Претпријатие за управување со градски гробишта
во Охрид ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид

                Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘Охрид, треба да ги исполнуваат следните услови, потребни за извршување на работата, предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид:

Да е државјанин на Република Македонија;
Да има високо образование VII-1 степен;
Да има 5 ( пет ) години работно искуство.

Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават се следните:

Пријава за конкурсот;
Кратка биографија на кандидадтот;
Доказ за завршено високо образование ( диплома или уверение );
Доказ за работно искуство;

Потребните документи се поднесуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.
Покрај потребните документи, кандидатот треба да достави и Програма за работа на јавното претпријатие.

Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.
Сите пријавени кандидати имаат еднакви можности да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

Пристигнатите документи ќе ги прегледува три члена комисија избрана од страна на Градоначалникот на Општина Охрид и во рок од 8 ( осум ) дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до Градоначалникот, кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата, Градоначалникот носи Одлука за избор на Директор. Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, со назнака ( ЗА ЈАВЕН КОНКУРС ).
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување во дневните весници.

Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет на разгледување.

                                                                                                                                                                ОПШТИНА ОХРИД
ГРАДОНАЧАЛНИК:
Никола Бакрачески

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 14.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©