Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧИЛИШНИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ
Untitled Document

Успешно заврши реализацијата на втората сезона од веќе познатиот и општо прифатен проект на Извидничкиот езерски одред "Пионер" од Охрид, наречен „ Училишни игри без граници“ .

Игрите започнаа во месец февруари и се одржаа во повеќе основни училишта од Охрид и Дебрца. На истите во оваа сезона зедоа учество повеќе од 400 ученици од второ до деветто одделение. Со спроведување на проектот, што се реализира со поддршка на општина Охрид, се преплетуваа забавно-едукативни активности, а учениците ги развиваа психофизичките способности, тимската работа и натпреварувачкиот дух.

На овогодинешното финале кое се одржа во топол амбиент во училишната сала од ОУ „ Григор Прличев“ во Охрид учествуваа 40екипи.Првото место го освои  екипата „Ѕвезди“ од IV-4 одделение од ОУ „Григор Прличев“ , второто место и припадна на екипата „ Мафија“ од VI одделение од ОУ „ Христо Узунов“, а третото место  го освои екипата „Херој“ од III-6 одделение од ОУ „Братство Единство“-Лескајца.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1442  пати
Објавено на: 15.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©