Почна завршната фаза на изградбата на спортските терени на СРЦ.Билјанини
Извори – Охрид. Се асфалтира просторот предвиден за едно мултифункционално
игралиште кое ќе биде опремено со реквизити за соодветните спортови:
кошарка, ракомет, фудбал и два тениски терени од кои едниот е двоен.
Терените треба да бидат комплетно завршени до четврток и на нив да биде
поставен двоен асфалт.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/zavrsna_faza_srcbiljanini_400.jpg)
Тениските игралишта кои се дел од проектот на Владата на Република
Македонија за изградба на 100 тениски игралишта се со сертификат од
Интернационалната тениска федерација, со инфраструктурни приклучоци и
рефлектори за одигрување натпревари во ноќните часови. Тениските игралишта
се оградени со жичана мрежа во висина од 3,40 метри и можат да се користат
во вечерните часови, бидејќи ќе бидат осветлени со четири рефлектори
поставени на височина од 12 метри.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/zavrsna_faza_srcbiljanini_4001.jpg)
Околу терените пак, е изградена обиколна патека од бекатон плочки со
широчина од 1,20 метри Тениските игралишта ќе бидат одличен градски простор
каде што граѓаните и спортистите ќе можат да рекреираат, односно тренираат
во одлични услови. Тениските игралишта ќе го продолжат трендот на работа
како и останатите спортски објекти, а тоа е отворање на спортски школи и
работа со млади категории и развој и поддршка на клубовите и на тенисот во Р
Македонија.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/zavrsna_faza_srcbiljanini_4002.jpg)
Овие нови игралишта беа неопходни за СРЦ. Билјанини Извори – Охрид како
спортски комплекс да ја добие вистинската слика за комплетен урбан спортски
центар кои ги нуди сите можни спортски услуги на едно место.
Извор: www.ohrid.gov.mk |