Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛЕТЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ВО ОХРИД
Untitled Document

Во организација на кошаркарскиот клуб Колибри, Oхрид во соработка со Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’, а под покровителство на Локална самоуправа  во сабота (1 јуни) во 13 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе започне летниот кошаркарски турнир на кој ќе учествуваат деца од генерацијата 2000-2012 година.
На турнирот ќе учествуваат екипи од Охрид (КК. Колибри, КК. Глобал и КК. Старс), Скопје(КК. МЗТ , КК. Аеродром и КК. Работнички), Струга (КК. Црн Дрим) и Кичево (КК. Кичево)
Овој настан е со тенденција да прерасне во традиција, а се со цел развивање на кошарката во Охрид – информираат од ЈП „Билјанини Извори“

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1258  пати
Објавено на: 30.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©