![](pictures/26_03_2018_RUSKI_AMBASADOR_2.jpg)
Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски синоќа присуствуваше на отворањето на изложбата на фотографии насловена како „Москва денес“ што беше отворена во галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
![](pictures/26_03_2018_RUSKI_AMBASADOR_6.jpg)
Во улога на домаќин градоначалникот Стојаноски им посака срдечно добредојде на посетителите на изложбата посакувајќи вакви културни настани да се реализираат и наредниов период,а кои се во насока на зацврстување на пријателските односи со Руската федерација и поголема културна афирмација на Охрид.
![](pictures/26_03_2018_RUSKI_AMBASADOR_3.jpg)
За значењето на изложбата „Москва денес“ пред присутните гости од земјава и странство свое обраќање имаше и амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Шчербак .
![](pictures/26_03_2018_RUSKI_AMBASADOR_4.jpg)
-Ниту една изложба секако не може да создаде целосна слика за толку голем град, но презентираните слики сепак го пренесуваат главното односно убавината, доброто и човечкото лице на овој прекрасен и стар град, расположение на оптимизам и сигурност во утрешниот ден кое владее кај неговите жители. Ова позитивно расположение е оправдано бидејќи Москва се наоѓа на прво место во Европа според темпото и размерот на градежни активности. Градот поминува низ многу интензивен период на развој, модернизација на инфраструктурата, вовед на нови најсовремени архитектонски решенија и дигитални технологии, меѓу другото и управување со градско стопанство. Во центарот на вниманието на градските власти и на грѓаните на Москва е обезбедување на највисоки еколошки , образовни и здравствени стандарди, како и квалитетни промени во животната орјентација на човечки потреби – истакна Шчербак.
![](pictures/26_03_2018_RUSKI_AMBASADOR_5.jpg)
Изложбата е поддржана од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Русија во Охрид, Музеј на град Скопје и НУ Завод и музеј - Охрид.
![](pictures/26_03_2018_RUSKI_AMBASADOR_1.jpg)
|