Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ОД ОХРИД ГО ОДБЕЛЕЖА ПРАЗНИКОТ СВ. САВА
Untitled Document

Во организација на српско- македонското здружение  „ Коштана“ од Охрид  , денеска беше прославен  празникот Св. Сава, Денот на српската заедница во Република Македонија. На свеченоста, во името на општина Охрид присутните ги поздрави и им го честита празникот, заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Ви го честитам празникот Св. Сава  и Ви посакувам многу здравје, среќа и бериќет во вашите семејства. Воедно Ви посакувам и во иднина,  да го градиме и унапредуваме заедничкиот соживот , како  темел за меѓусебно почитување и  разбирање- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Претседателот на српско- македонското здружение „ Коштана“ , Среќко Стојановиќ, објасни дека  празникот  Св. Сава , српската заедница во Охрид го одбележува  и како слава на нивното здружение, кое е организатор на бројни манифестации. „ Според нашите проценки, во Охрид живеат повеќе од шестотини срби, од кои повеќето се од мешовити бракови и сите  целосно сме интегрирани  во вкупното живеење  на Охрид. Тоа покажува дека сме лојални членови на заедницата и дека придонесуваме за развојот на Охрид и Република Македонија- рече Стојановиќ.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1331  пати
Објавено на: 27.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©