Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ – ЕКОЛОШКА ВИСТИНА 2013
Untitled Document

На Денот на екологијата, 5 јуни, со почеток во 20 часот во Куќата на Робевци, ќе се отвори “кружна“ изложба на фотографии под името “Еколошка вистина 2013“. Културниот настан ќе го отвори претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

Интересно е тоа што изложбата во иста постановка и истовремено ќе се отвори во пет земји и тоа во Нова Горица – Словенија, Бања Лука – Босна и Херцеговина, Заечар – Србија, Софија – Бугарија и во Охрид – Република Македонија.

Од примените над илјада и сто фотографии, ќе бидат прикажани околу осумдесет,  меѓу кои и педесет и две наградени. Изложбата е во организација на Фото сојузот на Македонија и Фото клубовите Охрид и Кастрон. За овој културен настан, испечатен е и каталог од сто и осумдесет страни.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 05.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©