Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е ИЗГРАДБАТА НА ПЕШАЧКО – РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА КАНАЛ СТУДЕНЧИШТА ХОТЕЛ ПАРК
Untitled Document

Пешачко – рекреативната патека која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк е во завршна фаза. Проектот за изградба на оваа патека започна пред околу две години. Изградбата на оваа атрактивна патека се одвиваше во три фази. Во изминатиов период се одвиваа градежните активности за изградба на патеката, а сега преостануваат уште активностите за хортикултурно уредување на неколку делови од патеката.

Инаку, првата фаза од изградбата на патеката, се реализираа со финансиски средства од проектот за меѓународна соработка ВАТЕРНЕТ, а финасиските средства за останатите фази беа обезбедени од буџетот на општина Охрид.

Со завршувањето на сите градежни активности на патеката, охриѓани и туристите ќе добијат уште еден репрезентативен и атрактивен потег за релаксација и уживање.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1356  пати
Објавено на: 15.02.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©