Неколкучасовната обиколка на градоначалникот Бакрачески на неколкуте локации каде интензивно се работи заврши со посета на специјалната болница за ортопедија и трауматологија„ Св Еразмо“ каде во поодмината фаза е реконструкцијата и адаптацијата на болничкиот комплекс . Во него ќе бидат сместени Одделите за ортопедија, трауматологија и комплексот за кардиоваскуларни заболувања. Реконстукцијата се одвива според предвидениот план и динамика. За седум месечниот период откако се започна со работа е направено многу.Се уредуваат болничките соби, операционите сали, амбулантите и лабараторијата, а набавена е и нова опрема. Истовремено се изведуваат градежните работи во делот во кој ќе биде сместен Заводот за кардиологија. Изведувач на градежните активности е градежната компанија „ВИА Вевчани“ од Вевчани.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/SvErazmo_kardiologija_240620164852.jpg)
Комплетната реконструкција ќе опфати површина од вкупно 5.623 метри квадратни .
Градежните активности се очекува да завршат во април 2017 како што беше предвидено.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/SvErazmo_kardiologija_240620164851.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/SvErazmo_kardiologija_240620164853.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/SvErazmo_kardiologija_240620164854.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/SvErazmo_kardiologija_240620164855.jpg) Извор: www.ohrid.gov.mk |