Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЦ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ДОМАЌИН НА ДВА ГОЛЕМИ НАСТАНИ
Untitled Document

Спортските настани кои оваа година се интензивираа како никогаш до сега продолжуваат со несмалено темпо и во овие последни августовски денови. Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори деновиве е домаќин на два спортски настани кои се од интернационален карактер.

Имено од 27 до 31 август на тениските терени на СРЦ Билјанини Извори се одржува тениско првенство за медицински лица на кое учествуваат околу 100 доктори/медицински персонал од 10 држави од Балканот. Додека од утре 30 август до 2 септември спортската сала Билјанини Извори е домаќин на Балканското првенство во бадмингтон за сениори.

На првенството е најавено учество на 120 бадмингтон играчи од 10 Балкански држави. Натпреварите ќе се одржуваат секој ден од 10 - 18 часот. Финалните натпревари се закажани за недела 2 септември така што ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите љубители на бадмингтонот да бидат дел од интересните спортски збиднувања за време на првенството во Охрид.

Прочитано:  272  пати
Објавено на: 29.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©