Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТАЊЕ „МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2014“
Untitled Document

Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и Асоцијацијата „Ајде Македонија“ на 18.10.2014 година ја организираат Националната акција за чистање „Македонија без отпад 2014“. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ за таа цел на паркингот пред ресторан „Европа“ ќе постават контејнер за собирање на отпад од електрична и електронска опрема.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и фирми кои имаат стар и неупотребуван отпад од електрична и електронска опрема ( компјутери, принтери, мобилни телефони, полначи, телевизори, фрижидери, пегли и сл. ) истиот да го донесат во период од 11 до 14 часот и да го остават во контејнерот кој ќе биде поставен на паркингот пред ресторан „Европа“. Акцијата се спроведува со цел за подигање на свеста на населението за проблемите поврзани со овој вид на отпад.

Во рамки на акцијата, Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ќе го исчисти потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с. Подмоље.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1304  пати
Објавено на: 15.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©