Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, беше домаќин на средба со членовите на
израелската школа за лидери.
![](Pictures/sredba_izraelci_2017_400.jpg)
На средбата од страна на градоначалникот беа презентирани бизнис
потенцијалите што ги нуди градот, како и отвореноста од страна на Локалната
самоуправа за соработка помеѓу овие две институции.
![](Pictures/sredba_izraelci_2017_4001.jpg)
Претставниците на
школата, кои се доктори на науки во повеќе области, ја изразија својата
благодарност за пречекот и својот восхит од убавините на градот. Заеднички
впечаток беше дека ќе се вложат дополнителни напори за да се оствари
меѓусебна соработка на повеќе полиња.
![](Pictures/sredba_izraelci_2017_4002.jpg)
![](Pictures/sredba_izraelci_2017_4003.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |