Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАЈМЛАДИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Шеесетина деца  од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , на возраст од 5 и 6 години, денеска ја посетија општина Охрид  при што имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа. Најмладите посетија и неколку служби во локалната администрација  и се интересираа за нивната работа и комуникацијата со граѓаните.

Посетата на општина Охрид е дел од проектот „ Градот низ детските очи“  што се реализира по препорака на Министерството за труд и социјална политика. Во рамките на проектот, најмладите од детската градинка ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , досега посетиле бројни институции, фирми и културно историски споменици.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1338  пати
Објавено на: 15.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©