Претставници од одделението за образование при општина Охрид заедно со педагозите, психолозите и социолозите од основните училишта во градов, денес во просториите на општина Охрид одржа работна средба со претставници од одделението за превенција при СВР Охрид.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/prevencijaucilistadroga_4852.jpg)
На работната средба беше изразено задоволството од добрата соработка помеѓу Локалната самоуправа и СВР- Охрид а се разговараше и за продолжување на проектот „Образование и полицијата против дрогата“ по што следеше презентација на училишниот прирачник „Реонскиот полицаец Ве советува“ .
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/prevencijaucilistadroga_4851.jpg)
На состанокот беше заклучено дека постои тенденција на намалување на злоупотребата на дроги и подобрување на безбедноста во општината. Беа договорени едукативни работилници за превенција од дрога што на почетокот на март ќе се реализираат во основните училишта во општина Охрид.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/prevencijaucilistadroga_4853.jpg)
На работната средба беа договорени и активности за полесна комуникација помеѓу реонските полицајци и училиштата и за поголема безбедност на учениците.
Извор: www.ohrid.gov.mk |