Во рамките на проектот „ За сите деца“, што се реализира во општини во кои има група во предучилишните установи каде наставата се реализира на турски јазик, во ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, денеска со пригодна приредба, беше промовиран проектот „ БОНТОН“- однесувај се убаво и пристојно.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Detski_bonton_0520164851.jpg)
Носители на проектот се ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , Секторот за образование при Локалната самоуправа и СВР Охрид, а дел од него е издавањето на прирачникот „ Ѕвони ѕвон за бонтон“, преведен на турски јазик. Прирачникот го промовираа децата од турската група во детската градинка „ Росица“ .
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Detski_bonton_0520164852.jpg)
Заменик градоначалникот Ангел Јанев, во рамките на денешните активности, во Локалната самоуправа имаше средба со тимот од проектот „ За сите деца“ .
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Detski_bonton_0520164853.jpg) Извор: www.ohrid.gov.mk |