Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“
Untitled Document

Во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, денес, министерот без ресор Џери Наумов, претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњановска, заменик градоначалникот Ангел Јанев, советници од Советот на општина Охрид и претставници од јавните претпријатија, традиционално засадија садници во паркот покрај кејот.

Министерот без ресор Џери Наумов, потенцираше дека од огромно значење е засадувањето на нови садници, бидејќи зеленилото е важно за прочистување на воздухот и додаде дека ваквите акции треба да бидат се почести.

Ваквите акции се само уште еден показател за континуираната грижа на Локалната самоуправа кон околината.

Општината со низа активности во нејзина надлежност постојано работи на унапредување на квалитетот на животната средина и на нејзината заштита. Ова е една инзвонредна можност за да се приклучиме кон нешто што е организирано на ниво на државата и што доби карактер на традиција и плодовите од овие акции исркрено се надевам дека ќе ги жнеат идните генерации, рече претседателката Гордана Коњановска.

Покрај во паркот кај кејот, се садеше и на Мауцкер каде ученици од средните училишта, извидници и претставници од Локалната самоуправа засадија дрвца. Исто така во акцијата беа вклучени и основците кои садеа дрва во рамки на своите училишта.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1366  пати
Објавено на: 30.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©