Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП„ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ДОНИРАШЕ ФУДБАЛСКИ ТОПКИ ЗА УЧИЛИШТАТА
Untitled Document

Денеска во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа средба помеѓу директорката на ЈП Билјанини Извори г-ѓа Гордана Јованоска и директорите на основните школи Св. "Наум Охридски" од Пештани, ОУ "Ванчо Николески" од Лескоец и проф. по физ. образование од ОУ "Кочо Рацин".

ЈП Билјанини Извори согледувајќи ја потребата за спортски реквизити на основните училишта од руралните средини на територија на Општина Охрид донираше 40 фудбалски топки за потребите на активите по физичко образование се со цел да се помогне на образовниот процес а во насока на поддршката на правилниот начин на развој кај децата.

ЈП Билјанини Извори во рамките на своите можности и во иднина ќе се насочи кон поддршката на образовните институции пред се поради нашите деца и нивниот правилен психофизички развој. 

Прочитано:  645  пати
Објавено на: 11.09.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©