Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УСОГЛАСЕНИ СТАВОВИТЕ ОКОЛУ НАПЛАЌАЊЕТО НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА И НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

На денешната, повторна средба на градоначалникот Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со претставници на угостителскиот еснаф беа усогласени ставовите околу наплаќањето на комуналната такса и надоместокот за поставување на урбана опрема, кои како предлог- одлуки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид.

На средбата беше прифатена понудената опција од Локалната самоуправа, комуналната такса за вршење дејност да се плаќа на почетокот на секој месец и да изнесува 10 денари за  зона А, 7,5 денари за зона Б и 5 денари за зона В , во периодот од мај до октомври (летно тарифирање), а за периодот од октомври до мај (зимско тарифирање)  да се плаќа по 5 денари за метар квадратен во трите зони. Елаборатите кои досега се изработуваа за секоја година, во иднина ќе важат и за следната , доколку во меѓувреме не се донесла нова годишна програма или не се сменил корисникот.

Надоместокот за поставување на урбана опрема на јавни површини односно на градежно изградено и уредено земјиште ,како што беше соопштено на средбата, согласно законските прописи ќе се плаќа врз основа на склучен договор за краткорочен закуп и за времетраење кое корисниците го побарале пред склучувањето на договорот. Висината на надоместокот на месечно ниво, за метар квадратен, ќе биде 300 денари за зона А, 250 денари за зона Б и 200 денари за зона В (летно тарифирање) и по 150 денари за трите зони, за периодот од октомври до мај (зимско тарифирање) .

Прочитано:  1412  пати
Објавено на: 21.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©