Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНУВАЊЕТО НА КУРБАН БАЈРАМ
Untitled Document

По повод верскиот празник  Курбан Бајрам, градоначалникот Никола Бакрачески, упати честитка  до верниците од исламска вероисповед, во која им посакува многу здравје, среќа и бериќет во нивните семејства.
-Празнувањето на  Курбан Бајрам поминете го во кругот на семејството, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера и во духот на спокојството и меѓусебната солидарност. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување и квалитетен соживот- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод празнувањето на  Курбан Бајрам .    

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 03.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©