Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА
Untitled Document

Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани физички и правни лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 15 февруари 2014 година, објави Јавен повик бр.01/2014 за користење на средства од ИПАРД програмата 2007 – 2013 според V компонента за следните мерки:

Мерка 101  -  Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија
Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија

Мерка 302  -  Диверзификација и развој на руралните економски активности
Подетални информации на веб страната на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk
Крајниот рок за поднесување на барањата е 17 април 2014 година.
Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид и оваа година продолжуваат со одржување на едукативни работилници во населените рурални средини со цел запознавање на мерките од оваа програма.

Работилниците ќе се одржуваат според следниот распоред:

  • 24.02.2014 год.(понеделник) во с.Куратица со почеток во 19,00 часот во просториите на Месната заедница
  • 25.02.2014 год.(вторник) во с.Долно Лакочереј со почеток во 19,00 часот во просториите на Домот

Заинтересираните лица да се обратат до Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на зземјоделството при Секторот ТЛЕР на Општина Охрид, или на тел. 046/230-175

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1241  пати
Објавено на: 19.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©