Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАШТИТАТА НА БОГАТОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИД Е ОД ВРВЕН ПРИОРИТЕТ
Untitled Document

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески и директорката на Завод и Музеј Тања Паскали- Бунташеска, денеска  посетија неколку локации на кои се реализираат проекти за заштита на богатото културно наследство на Охрид, при што заеднички констатираа дека тоа е врвен приоритет на локалната самоуправа и на надлежните државни органи.

 


-Работите на возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет  во комплексот на Плаошник се одвиваат според договорената динамика  и уверени сме дека овој зафат комплетно ќе заврши во 2017 година.Како што беше ветено, завршени се работите на реконструкцијата на бедемот на Долни Сарај за што беа обезбедени 2,8 милиони денари- истакна по обиколката  министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.Таа потенцира дека еден од најголемите зафати  кои моментално успешно се одвиваат е реставрацијата на фрескоживописот на црквата Св. Богородица- Перивлепта, каде 10  месеци работат 14 конзерватори, а за комплетно завршување ќе се работи уште 10 месеци.
-По денешната обиколка, треба сите да се сложиме дека ова е вистинскиот начин на соработка на локалната самоуправа со надлежните државни институции, во случајов со Министерството за култура. Сите сме свесни дека заштитата на богатото културно наследство е од врвен приоритет зошто тоа, заедно со природното е под заштита на УНЕСКО и претставува важен фактор за развој на туризмот и промоцијата на Охрид  во светот. Само со таков пристап можеме да очекуваме и забрзан развој и во другите   сектори
- истакна градоначалникот Никола Бакрачески .


Директорката  на охридскиот  Завод и Музеј , Тања Паскали- Бунташеска рече дека сите поднесени проекти, Министерството за култура и оваа година ги има прифатено и се во тек на реализација. „Посебно сакам да потенцирам дека проектите  за ревитализација и обновување на фасадите на објектите кои се заштитени како културно богатство успешно се реализираат и дека тој процес треба да трае до 2020 година“ – потенцира Паскали- Бунташеста.


Одговарајќи на новинарско прашање министерката Елизабета Канческа- Милевска, рече дека покрај другите капитални проекти  е и оној за проширувањето на Центарот за култура „ Григор Прличев“ и обезбедување на нова сцена за Охридскиот театар.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 22.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©