Женскиот центар „ Бисера“, синоќа одржа пригодна свеченост по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на оваа невладина организација. На свеченоста присуствуваше и претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Bisera_20god_4855.jpg)
-Кога ќе се спомене женското движење во Охрид, првата асоцијација е Женскиот центар „ Бисера“ . Верувајте дека тоа е голем комплимент за Вашата работа и секојдневната борба за еманципација на жената во нашето општетство. Вака здружени, врз темелите на поранешните организации на жените, од генерација во генерација, ги пренесувате искуствата и градите нови и применливи практики за родова еднаквост и почит кон жената.Според нашата традиција жената била и ќе биде столб на семејството, а како во многу развиени земји треба да биде и еден од најцврстите столбови на државата- рече во поздравното обраќање Гордана Коњаноска.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Bisera_20god_4856.jpg)
Претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска додаде дека „низ бројните активности покажувате дека за тоа сте подготвени, бидејќи наоѓате време да се грижите за работата и семејството, но и да се ангажирате во Женскиот центар „Бисера“ . Вие постојано реализирате хуманитарни акции и им помагате на ранливите категории граѓани, гласно барате поголема застапеност на жената во раководните структури и политиката, но паралелно креирате разни форми на дружења , кои без разлика на годините, Ве обединуваат и Ве прават посилни“.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Bisera_20god_4853.jpg)
Женскиот центар „ Бисера“ по повод јубилејот издаде монографија во која се поместени дел од позначајните активности во нивното делување.Претседателката на здружението Нада Мартиноска рече дека е горда што во текот на изминатите години успеале да го издигнат здружението на ова ниво кое што е денес.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Bisera_20god_4854.jpg)
- Ова е момент кога сите ние се навраќаме назад и гледаме што сме направиле. Кога ќе ги видиме почетоците, бевме едно ново здружение на жени со еден ентузијазам и желба нешто да направиме за нашиот град и секако за подобрување на статусот на жените, тоа беше целта на формирањето. Ние со нашата упорност и со нашето работење докажавме дека можеме да одиме напред и докажавме дека она штое е корисно и за жената и за граѓаните на Охрид- вели Мартиноска.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Bisera_20god_4851.jpg)
На свеченоста беше потенцирано дека Женскиот центар „ Бисера“ во изминатиов 20 годишен период се реализирани многу активности за политичко јакнење на жените кои имаа за цел да им помогнат на припадничките на понежниот и едукација на младите генерации.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Bisera_20god_4852.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |