Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ХОРСКИОТ ФЕСТИВАЛ
Untitled Document

Синоќа во Охрид свечено беше отворено 8-то издание на охридскиот хорски фестивал, кој се одржува со поддршка на општина Охрид а во организација на охридскиот хор.
Членовите од 22 хорови од 11 европски земји кои се дел од годинешното фестивалско издание  ги поздрави  заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. 

Вас почитувани хористи од Словенија, Унгарија, Полска, Турција, Германија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Белорусија и Финска, вас пренесувачи на културата на вашите земји преку најстариот инструмент, човечкиот глас ве уверувам дека, охридскиот хорски фестивал е фестивал  со традиција и респект – рече Јанев.

Фестивалот има ревијален  и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови во наредниве фестивалски денови  ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите.
Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Магдалена Липска (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Македонија), Дора Халас (Унгарија) и Дарина Чакарова (Бугарија).

Влезот за фестивалските ноќи што се одржуваат во   хотелот „Инекс Горица“ и црквата Св. Кирил и Методиј (католичка црква)е слободен, а за посетителите кои ќе го најават своето присуство подготвени се пригодни изненадувања. Фестивалот завршувана 31 август во понеделник.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 28.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©