Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОЧНУВААТ ДА СЕ СРЕДУВААТ ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД
Untitled Document

После средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градот  пред десеттина дена, на која беа изнесените нивни потреби за подобрување на инфраструктурата, резултира со почеток на уредување на просторот во населбата Канео и делот што води кон црквата "Св. Јован-Канео".

 Екипите на охридските јавни претпријатија пристапија кон средување на патеките  што водат кон црквата  и  кон плажите Потпеш и Канео  кои ќе бидат осветлени со  нови канделабрии. Наредениов период целосно ќе се реконструираат  и  постоечките потпорни ѕидови а поради заштита за минувачите ќе се подигнуваат и нови. 

Денес  екипите на охридските јавни претпријатија отпочнаа градежни зафати за средување на патеките  што водат кон црквата "Св. Јован-Канео" и  кон плажите Потпеш и Канео. Насоките за реализација на активностите во овој дел од градот ги презентира Раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, арх. Зоран Рафтоски.

Заради големата фреквенција на луѓе на овој простор, посебно во текот на летната сезона предвидено е целосно да се реконструираат постоечките потпорни ѕидови, кои претставуваат опасност по безбедноста на минувачите, а заради поголема заштита ќе се подигнуваат и нови. Исто така се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери ќе добие и патеката што води кон црквата посветена на "Св. Јован-Канео". Овој простор од градов ќе добие нови зелени површини и хорти културно ќе се дооплеменува.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1252  пати
Објавено на: 07.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©