Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ШЕЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои предложените одлуки за усвојување на извештаите за реализација на развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2016 – 2018 за периодот од 01.07. - 30.09.2016 година, за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.07. - 30.09.2016 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2016 година за периодот од 01.07. - 30.09. 2016 година, за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01. - 30.09.2016 година, за одржување на јавна чистота за периодот од 01.01. - 30.09.2016 година, за одржување и користење на паркови и зеленило за 2016 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за спорт и рекреација за 2016 година за периодот од 01.07. - 30.09.2016 година, за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.07. – 30.09.2016 година, за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за периодот 01.07. – 30.09.2016 година, за реализација на развојната програма други комунални услуги 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за  јавно осветлување 2016-2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за изградба на системи за водоснабдување 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2016 – 2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за уредување на градежно земјиште за 2016 - 2018 година за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година, за работа на Советот на општина Охрид за 2016 година за периодот 01.01. – 30.09.2016 година и за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2016 година.

Советот ги прифати и измените и долнувањата на развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2016 - 2018 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2016 година, за заштита на животната средина и природата за 2016 година, за одржување на јавнa чистота за 2016 година, за одржување и користење на паркови и зеленило за 2016 година, за спорт и рекреација за 2016 година, за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2016 – 2018 година,  за детска заштита за 2016 - 2018 година, за културни манифестации и творештво за 2016 година, за измените и дополнувањата на развојната програма други комунални услуги за 2016 - 2018 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2016 - 2018 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2016 - 2018 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2016 – 2018 година, за уредување на градежно земјиште за 2016 - 2018 година, за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2016 година,  за донесување на Буџетскиот календар, за долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) , за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Струга, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца, Дебар, Пласница, Кичево и Македонски Брод, за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност,  за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност за изградба на катна гаража, за давање согласност на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2017 година,за поставување урбана опрема (детски игралишта – забава на отворено, покриени и непокриени шанкови) и времени објекти на подрачјето на општина Охрид и за усвојување на иницијатива за пренесување на право на сопственост на времени објекти – бараки.

Од сферата на урбанизмот беа прифатени предложените одлуки за  дополнување на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, за утврдување нацрт детален урбанистички план за УЗ 11 УБ 11.2 – опфат 1 - Охрид, општина Охрид, плански период 2012 - 2017 година, за утврдување нацрт детален урбанистички план за ГП 1.15 во УЗ 4 дел од УБ 4.1 на Кп.бр.13889/3 КО Охрид 3, општина Охрид, плански период 2013 – 2018,  за утврдување нацрт детален урбанистички план за ГП 1 на Кп.бр.10426/1 во УЗ 10, дел од УБ 10.2 КО Охрид 2, општина Охрид, плански период 2015 – 2020 и за утврдување нацрт детален урбанистички план за УЗ 3, дел од УБ 3.2 – опфат 2 Охрид, општина Охрид, плански период 2014 – 2019 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1365  пати
Објавено на: 04.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©