Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ПОСРЕДСТВО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПОЧНА РЕШАВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМОТ НА ОХРИДСКИТЕ КАЈЧАРИ
Untitled Document

На  покана на градоначалникот Никола Бакрачески, денеска на средбата со претставници на охридските кајчари  присуствуваше и директорот на Државната пазарна инспекција  Кирил Миноски, а се разговараше за решавање на статусот на превозниците со чамци. Заеднички беше констатирано  дека решавањето на статусот  на популарно виканите кајчари, мора да оди етапно и да биде во согласност со важечките законски прописи.
 


ие сме запознати со проблемот околу статусот на кајчарите и неколкупати одржавме состаноци нив. На вчерашната средба  им ветив дека ќе одржиме заеднички состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Кирил Миноски  и тоа го направив, се со цел да го надминеме проблемот. Покрај тоа, испративме и иницијатива до Министерството за економија во која бараме да покренат постапка за  измена во Законот за туристичка дејност. Со измената,  трајно ќе се реши статусот на вршењето на превоз на патници со чамец  од страна на физички лица- рече градоначалникот Никола Бакрачески.
 

Директорот на Државниот пазарен инспекторат  Кирил Миноски , рече дека ја подржува покренатата иницијатива на градоначалникот Бакрачески за промена во  Законот за туристичка дејност и нагласи дека со тоа ќе се олесни и работата на нивната институција.

 

-Ние сме подготвени да го поддржиме овој процес на решавањето на статусот на физичките лица кои со чамци вршат превоз на патници, но во целата постапка треба да се внимава, решението да не биде во колизија со други законски и подзаконски акти- додаде Миноски.
 

Според предлогот, решенијата за вршење дејност , превоз со чамец од страна на физичко лице ќе ги издава градоначалникот , а популарно виканите кајчари  ќе треба да се пријават во Управата за јавни приходи за да можат да ги регулираат даночните обврски.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 30.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©