Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОГРАМА „НА ЗАЈДИСОНЦЕ – 2017“
Untitled Document

Во традиционалниот термин од 20 до 28 јули и годинава, во Трпејца под покровителство на Општина Охрид ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“.

Организаторот здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ најавува богата програма со која се очекува да го привлече вниманието на туристите  и мештаните.
Манифестацијата во четврток од 20 и 30 часот ќе биде отворена со изложбата на слики од Наташа Попоска – Карче од Охрид. Таа е д-р стоматолог, но од неодамна другарува со светот на боите. Трпејчани и гостите ќе се запознаат со нејзините слики работени во техниката масло на платно – пејзажи, инспирирани од Охрид и Езерото. Изложбата е насловена . „Допри ме, како што ме допира сонцето“.  

Чинот на свеченото отворање ќе биде збогатен со мини концертот на познатиот Горан Папаз кој е активен соло саксофонист и поранешен член на групата Суперхикс. Папаз потекнува од Пештани и во Трпејца е поканет да ја покаже поврзаноста помеѓу овие две туристички населби кои се распослани во најубавиот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро.Во мигов Папаз  живее и работи во Скопје, а претходно и сега успешно ја гради кариерата низ Македонија, но и со настапите низ Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Хрватска, Австрија, Словенија, Романија, Чешка...

Следната вечер во петок ќе се одржи концерт на ученици од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид под ведро небо – насловен „Со кајче по езерото“. Младите виртуози ќе свират во кајчињата осветлени од факели и фенери,а од брегот на езерото и од кафеаните гостите ќе уживаат во неповторливата глетка и изведба.  Истата вечер претставник на НП „Галичица“ од Охрид  ќе  одржи презентацијата под наслов: „Галичица на дофат“ преку која ќе биде доближано севкупното богатство на Националниот парк.Следните денови  активисти на НВО „Опција“ од Охрид ќе одржат трибина на тема: „Зависности од модерното време.“ Во Трпејца  концерт ќе одржи и КУД „Ѓердан“ од Охрид а културно забавната манифестација ќе биде збогатена со проекцијата на два извонредни документарци: ТАНЦОТ СО ПАСТРМКИТЕ – НЦ „Амфора“ снимен по сценарио и режија на  Милутин Секулоски – Охрид и ЧИСТА ВОДА дело на  Мунлајт Продукција и Делегеација на ЕУ во Македонија . По сценарио на Јана Коцевска и во режија на  Димитар Сеизов .

Во еден од деветте термини во Трпејца ќе гостува актерката Марија Новак која е дел од ансамблот на МНТ во Скопје.  На летната сцена кај Бунарот ќе се претстават ГРАДСКИ ХОР „VOX LYCHNIDOS“ – Охрид и Петар Кочоски -  хармоника,Охрид .Дирегент и уметнички раководител на хорот е проф. Бурим Хидри. Хармоникашот  Кочоски лани ја претставуваше Македонија на светскиот натпревар по хармоника во Русија. Традиционално  – по шести пат ќе настапи ансамблот „Билјана“.

Во забавниот дел манифестацијата „На зајдисонце – 2017“ ги донесува стандардните содржини: Учиме англиски, Фаќање риба на јадица, Учиме да пливаме, Учиме шах, Цртаме на зајдисонце, заедничкиот излет на гостите и домаќините по патеката Чоколско и  кајакарската регата „Номче Митрески“.

Сите настани се бесплатни а според организаторите тие се поддржани од бројни фирми и кафеаните во Трпејца

ПРОГРАМА НА ЗАЈДИСОНЦЕ – 2017

20 ЈУЛИ – ЧЕТВРТОК
20.30 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
ИЗЛОЖБА: „ ДОПРИ МЕ КАКО KAKO ШТО МЕ ДОПИРА СОНЦЕТО“ Наташа Попоска – Карче ; Горан Папаз, саксофон

21 ЈУЛИ – ПЕТОК
11.00 УЧИМЕ АНГЛИСКИ  м-р Габриела Неделкоска
20.00 СО КАЈЧЕ ПО ЕЗЕРОТО – ученици ОМУ „Методи Патче“ – Охрид   
21.00 ГАЛИЧИЦА НА ДОФАТ -  презентација НП „Галичица“ - Охрид

22 ЈУЛИ – САБОТА
11.00 ФАЌАЊЕ РИБА НА ЈАДИЦА
19.00 УЧИМЕ АНГЛИСКИ
20.30 КОНЦЕРТ – КУД ЃЕРДАН – Охрид

23 ЈУЛИ – НЕДЕЛА
12.30 УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ  проф. Соња Думбалова -Делова - „Делифни 2012“ - Охрид
19.00 УЧИМЕ АНГЛИСКИ
20.30 ТАНЦОТ СО ПАСТРМКИТЕ – НЦ „Амфора“ Сценарио и режија: Милутин Секулоски – Охрид

24 ЈУЛИ – ПОНЕДЕЛНИК
12.30 УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ  
19.00 УЧИМЕ ШАХ – ШК „Ласкер“ – Охрид 
20.30 ВЕЧЕР СО МАРИЈА НОВАК – актерка  

25 ЈУЛИ – ВТОРНИК:
12.30 УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ 
19.00 УЧИМЕ ШАХ – ШК „Ласкер“ – Охрид 
20.30 ЗАВИСНОСТИ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ – НВО „Опција“ – Охрид

26 ЈУЛИ – СРЕДА

11.30 УЧИМЕ ШАХ – ШК „Ласкер“
12.30 УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ 
18.00 ЦРТАМЕ НА ЗАЈДИСОНЦЕ –  проф. С. Пупиноски
20.30 ЧИСТА ВОДА – Мунлајт Продукција и Делегеација на ЕУ во Македонија . Сценарио: Јана Коцевска, режија: Димитар Сеизов

27 ЈУЛИ – ЧЕТВРТОК

10.30 КАЈАКАРСКА РЕГАТА  „НОМЧЕ МИТРЕСКИ
18. 30 ЦРТАМЕ НА ЗАЈДИСОНЦЕ 
20.30 ВЕЧЕР СО: ГРАДСКИ ХОР „VOX LYCHNIDOS“ – Охрид и Петар Кочоски -  хармоника,Охрид

28 ЈУЛИ – ПЕТОК
10.30 ПО ПАТЕКАТА ЧОКОЛСКО –заеднички излет домаќини и гости
20.00 ЦРТАМЕ НА ЗАЈДИСОНЦЕ ИЗЛОЖБА
20,30 ДОДЕЛУВАЊЕ ПРИЗНАНИЈА
21.00 КОНЦЕРТ АНСАМБЛ „БИЛЈАНА“

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1369  пати
Објавено на: 18.07.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©