Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИТЕТИ ОД ОХРИД И БЛАГОЕВГРАД
Untitled Document

Во хотелот „ Ривиера“ , синоќа во организација на  Женскиот центар „ Бисера” од Охрид и нивните гостинки од женската организација „ Искрица“ од Благоевград, Бугарија, се одржа презентација на специјалитети од храна од традинационалната кујна од двата града.  

-Сакам  да Ви посакам убава вечер, а на гостите убав престој во Охрид. Оваа година Женскиот центар „Бисера” го прослави дваесетгодишниот  јубилеј , во кој покажа дека многу работи можат да се иницираат и  подстрекнат во интерес на пошироката заедница. Здружението може да се пофали со акциите за превенција, СОС, Ден на мајката, Ден на таткото, учество на жените во политичките процеси, како и бројни други проекти и работилници- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Презентацијата на традиционалните специјалитети  на двете сестрински здруженија е резулат на долгогодишната плодна соработка, за која велат дека во иднина ќе се продлабочува.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1366  пати
Објавено на: 14.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©