Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ПРИСТИГНА ПРВАТА ГРУПА ХОЛАНДСКИ ТУРИСТИ
Untitled Document

Со чартер лет на авиокомпанијта “Корендон“, денес на Охридскиот аеродром “Св.Апостол Павле“ пристигна првата група холандски туристи. Се очекува во текот на целата сезона, авикомпаниите Корендон и ТУИ да превезат околу 28 илјади холандски гости. Гостите од Амстердам, со традиционален македонски гест на добредојде, беа пречекани од охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и директорот на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

-За очекување е бројот на гостите од земјите на Бенелукс кои ќе слетаат на Охридскиот аеродром, оваа година да биде значително поголем во однос на минатата година. Според статитстичките податоци,  бројот на воздухопловни реализации во текот на 2016 е поголем за 36% во однос на 2015. Бележиме раст на вкупниот број на превезени патници на охридскиот аеродром кој во 2016 беше дури за 33% поголем од бројот на 2015год. За очекување е дека ваквиот тренд на пораст на бројот на гости, ќе расте од година во година, за што говорат и најавите од тур-операторите. Се надевам дека добрата соработка помеѓу Локалната, Владата и Агенцијата за промоција на туризмот, ќе продолжи и во иднина на општо задоволство на систе страни, истакна градоначалникот Бакрачески.

Со свое верување дека престои успешна летна туристичка сезона и генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.

-Покрај редовните линии кои ги имаме преку целата година на охридскиот аеродром за Базел, Цирих и Лондон, како и традиционалните чартер-летови од Холандија, ова лето ќе продолжат сезонаските летови кои ги отворивме во 2016 година од Белград, Брисел и Тел Авив, додека нови чартер –летови од Полска ќе почнат од 22 јуни. Еднаш неделно 200 полски туристи ќе доаѓаат на Охридското езеро, благодарение н договорот кој го потпишавме со еден од најголемите полски тур-оператори. Со добрата соработка која ја имаме со Министерството за транспорт и врски , Општина Охрид и сите државни авијациски и туристички институции, сигурни сме дека ќе продолжиме да го развиваме охридскиот аеродром и да придонесуваме за развојот на локалниот туризам, изјави Ерсој.

На охридскиот аеродром покрај летовите од Холандија, од мај до октомври 2017 со сезонски летови на охридскиот аеродром се очекуваат околу 2 000 гости од Брисел со авиокомпанијата Томас Кук, 2 300 патници од Белград со Ер Србија и околу 2 600 патници од Тел Авив со Аркиа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1505  пати
Објавено на: 02.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©