Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМЕНАТА НА ТУРИСТИЧКАТА СТРАТЕГИЈА КЛУЧНА ЗА РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ
Untitled Document

Советот на градски татковци или локалниот економски совет денеска ја одржува втората седница за кој се предвидени 6 точки на дневен ред.
 Се со цел  подобрување на  имиџот на Охрид, како туристичка дестинација на глобалниот туристички пазар секако и на пазарот во соседните земји на дневен ред за разгледување се најде ценовникот на угостителските услуги во Охрид и изнаоѓање на можности за корекција на цените

Втората точка на дневен ред  се однесува на информацијата за изработката на физибилити студија за изградба на скијачки центар на планината Галичица.

Акционерското друштво МЕПСО, финансираше физибилити студија која ја изработуваат консултански куќи од Канада, за можностите и потенцијалите за развој на скијачки центар  на планината Галичица. Денес тоа ке биде точка на дневен ред, сакам да го слушнам мислењето на членовите на советот околу развој  за еден ваков мега проект, кој се надеваме доколку физибилити студијата, односно мастер планот ,покаже дека  има економска оправданост ќе пристапиме кон реализација на овој проект, кој јас лично сметам дека револуционерно  ќе ја промени туристичката стратегија на градот Охрид не само во текот на летната сезона, туку и во  зимската сезона  и во текот на целата година – истакна градоначалникот Бакрачески.

На седницата членовите  на советот ќе ги излагаат своите визии  околу идниот економскиот развој на градот Охрид.
Како четврта точка на дневен ред ќе биде можноста за поголема промоција на охридскиот пливачки маратон.

 Јас повеќе пати имам напоменато дека покрај  Охридско лето како фестивал, пливачкиот маратон  претставува манифестација која во делот на спортот претставува   голем амбасадор на градот Охрид, за промоција не само на туризмот туку и на спортските активности на меѓународен план и од таа причина сметам дека  охридскиот маратон треба да  зазема позначајно место во нашите идни стратегии, за промоција на градот воопшто – рече Градоначалникот.

Според претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески,  развојот на туризмот во голема мера зависи и од решавањето на проблемот со патната инфраструктура.

Мојот став е дека треба да се работи на тоа Охрид да се поврзе од сите страни , да ја искористи компаративната предносна точка која што се наоѓа на границата со две други  соседни држави и сето тоа да донесе поголема конкурентност на услугите кои што ќе ги намалат цените и ќе ја зголемат нашата конкурентност – додаде Азески.

Иницијативата за возобновување на Свети Климентовиот Универзитет  која се темели врз основа на интегрирање на постоечките истообразовни институции на подрачјето на Охрид во еден Универзитет и основање на универзитет кој што има историска димензија е предложена како точка на Дневен ред која ќе се најде на расправа пред градските татковци од кои треба да произлезат соодветни заклучоци.

Идејата произлегува од духовните вредности на Св. Климент преточени во еден современо концепиран начин на студирање во еден Универзитет кој што ќе значи интегрирање и на потенцијалите на Р. Македонија и пошироко бидејќи Охрид се смета за место каде што е магнет за привлекање не само на гости, туку и на научници кои би доаѓале по тој основ и на тој начин би се воспоставил еден нов концепт на современо студирање бидејќи со доаѓањето на  такви стручњаци би се воспоставила таа комуникација на научен план – истакна професорот Стефан Буџакоски, член на Советот на градски татковци.

 На седницата на Локалниот економски совет ќе биде презентирана и  Информација за инвестиционите активности за проектот во Љубаништа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1248  пати
Објавено на: 29.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©