Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА ТРИБИНА ЗА АУТИЗАМ
Untitled Document

 Денеска во општина Охрид се одржа трибина на која професори, стручни лица, доктори , дефектолози, психолози, педијатри и родители на деца со аутизам,  дебатираа на тема „Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“. 

Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

- Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име, Ви искажувам искрена благодарност, за отворањето на ова прашање пред нашата јавност и Ви ветувам дека Локалната самоуправа во рамките  на своите можности ќе ги поддржува сите процеси за нивна целосна  инклузија во општественото живеење.Стручњаците велат дека аутизмот и пореметување кое најрано се манифестира пред третата година од животот и се манифестира на различни начини.Децата кои се соочуваат со овој проблем  најчесто лошо се прифатени од околината, но експертите истакнуваат дека со нивното вклучување во редовна настава во училиштата, тој јаз полесно се надминува.Многу од родителите се уплашени  кога нивното дете со такви пореметувања  треба да оди  во редовни , а не во специјални училишта, меѓутоа се погласни се научниците и дефектолозите кои велат дека такавиканата инклузија или вклучувањето на дечињата со тешкотии во развојот во редовниот воспитно-образовен систем е вистински предизвик, но и задоволство. Без разлика на ставовите, во реалноста би требало да се равиваат и прифаќаат позитивните  практики на развиените земји кои од поодамна одговорно се однесуваат кон подобрувањето на животот, учењето и вклучувањето на лицата со аутизам во општеството.Ние како одговорна  Локална самоуправа, заедно со Министерството за труд и социјална политика, го започнавме проектот за отворање на Центар за деца со аутизам кој ќе биде сместен во просториите на ОУ „ Братство-Единство“ . Очекувам дека Центарот за скоро ќе почне со работа, и сметаме дека тоа е нашиот прв чекор за поддршка на процесите за соодветен однос кон лицата со аутизам. Определени сме да ги следиме препораките и политиките на државните институции, кои треба да вработат соодветни стручни кадри, кои ќе ги практикуваат најновите научни и стручни методи и со тоа ќе им олеснат и на децата и на нивните родители- рече Јанев.

На  средбата   предавање одржа и проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а претседател на Македонското научно здружение за аутизам,доктор Сашо Василевски, како и родител, кој има дете со аутизам.

Целта на настанот  е да се направи нешто, да се поттикне отворањето на центри  за децата со аутизам.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1360  пати
Објавено на: 12.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©