Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„ ОХРИДСКА ВЕЧЕР“ ВО САРАЕВО
Untitled Document

Во рамките на посетата на делегацијата на општина Охрид на збратимената општина Стар Град  во Сараево, се одржа и туристичко промотивната манифестација „ Охридска вечер“ . Вакви манифестации, како нов начин на  промоција на  Охрид , досега се одржаа во неколку  градови во Европа и Азија.

На промоцијата, на која  присуствуваа  претставници на туристички агенции и туроператори од Босна и Херцеговина ,се разговараше и за начините за зголемување на бројот на  туристите од оваа држава кои би доаѓале во Охрид и Македонија.
Вршителот на должност, амбасадор на Република Македонија во Босна и Херцеговина,  Драган Богданоски ги запозна гостите со субвенциите кои македонската влада  ги дава за гостите од Босна и Херцеговина преку Агенцијата за подршка на туризмот како и со потребата  за востановување  директни  авионски чартер летови  од аеродромите Сараево и Мостар кон Охрид и Скопје.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 06.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©